Обраќање на членот на Претседателството на СПМ Владанка Авировиќ до жените на Македонија и македонската јавност по повод меѓународниот ден на жените 8ми Март

vladanka_pres

Почитувани жени на Македонија и сите граѓани во неа,

Денешниот ден е меѓународен ден на жената, светски празник со кој се одбележува нејзината борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Историјата на сите времиња особено денешната, не учи дека не смееме да заборавиме да мислиме за неа и нејзината положба, дека денес никој не може неа да ја натера да се чувствува помалку вредна во развојот на било кое општество на земјината топка.

Социјалистичката партија на Македонија следејќи ги историските придобивки во борбата за рамноправност и нејзино вклучување во нејзините редови и во општеството во целина секогаш создаваше и создава простор за нејзино целосно изразување во креирањето на сите општествено-политички процеси во Македонија.

На Социјалистичката партија на Македонија и е иманентно тоа да го прави бидејќи нејзината идеологија извира и има длабоки корени во нејзиното битие како економски, социјален, семеен и хуман столб на општеството.

Жената е таа која и дава смисла и содржина на животот, особено со нејзиниот благороден и хуман внатрешен порив. Историјата не поучува дека во секое општество колку и да бил суров животот, полн со премрежја, беда и сиромаштија, жената била таа која секогаш давала надеж за подобра утрешнина.

Македонија е пример на држава и општество во кое низ историјата жената била таа која минувајќи низ тешки искушенија да го сочува семејството, да создава поколенија, да го сочува македонскиот род и македонштината, а она што е денес наша реалност, постоењето на нашата држава, Република Македонија.

Денес сме сведоци дека жените во Македонија со својот целокупен ангажман се носител и креатор на нашето современо живеење.

Нашето општество е ослободено од секакви бариери кои го кочат нејзиниот современ ангажман во сите сфери на живеење.

Нашиот развој е незамислив без учество на жените.

Но, тоа не значи дека нашето општетво ги создало сите услови за нејзино потполно изразување и афирмирање. Материјалната основа и социјалната положба се уште се бариери за нејзино целосно реализирање.

Сакале да признаеме или не и покрај условите во кои живееме денес жената доминира во повеќе области од нашиот живот како што се образованието, судството, администрацијата, но и во многу други области. Се повеќе и повеќе е присутна и во нашиот стопански живот, што не прави горди.

Во оваа прилика дозволете ми да го свртам вниманието на актулните состојби и меѓународни услови и односи во кои живееме. Соочени сме со разни притисоци и закани однадвор кои се закануваат да го загрозат нашиот суверенитет, интегритет и нашето национално битие.

Опасностите и заканите за жал не се само однадвор туку и од нашето внатрешно неединство и разединетост кое се заканува да го разори одвнатре нашиот национален организам и постоењето на нашата држава.

Оттука јас и нашата Партија се обраќаме до жените на Македонија да бидат будни, да ги разликуваат сите појави, проблеми и успеси од оние кои не и носат добро на Република Македонија, да ги индетификуваат опасностите од каде доаѓаат и да им дадат силен отпор.

Мораме да ја сочуваме скапо платената слобода, создавањето на нашата држава, името и нашот идентитет.

Грижливо да го негуваме соживотот што сме го граделе низ нашата историја со другите народи кои што живеат на овие простори.

Почитувани жени и граѓани на Македонија, незамислива е денес улогата на жената I како инспирација во уметноста и затоа на крај дозволете ми да завршам со стиховите на еден наш знаменит поет и книжевник “жената е ава, ева, ува, ива, да е жива, да е жива”.

Comments are closed.