ПРЕС СПМ 26.01.2016

Почитувајќи го мислењето на граѓаните, националниот и државниот интерес, Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека предвремените парламентарни избори мора да се одржат на 24-ти април и дека не постои ниту еден основ за нивно одложување.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на несовесното работење на поединечни членови на Дражавната изборна комисија предложени од опозицијата. Предупредуваме на нивното саботирање во извршувањето на законски предвидените обврски поврзани со изработка на методологијата и самото прочистување на избирачкиот список, во согласност со договорените услови за организирање на предвремените парламентарни избори.

Сите членови на ДИК се предлог и договор на политичките партии, изгласани во Собранието на Република Македонија.

Со чинот на нивниот избор тие прифатиле да ги извршат сите задачи дадени со законот и да ги подготват изборите за законски утврдениот датум. Веднаш по нивниот избор, наместо опструирање, тие имаа време да започнат со работа како независна институција.

Доколку овие членови на ДИК не ги извршат своите задачи и понатаму спроведуваат партиски директиви за кочење на процесот, Социјалистичката партија на Македонија предлага Собранието на Република Македонија да превземе чекори за нивно разрешување и избор на нови членови кои чесно и со професионален интегритет ќе ја извршуваат обврската во согласност со законот.

Социјалистичката партија на Македонија го смета за неразумно барањето на опозицијата за целосна теренска проверка на Избирачкиот список, што е спротивно на професионалниот став на ДИК дека со неа е потребно да се проверуваат само оние гласачи кои ќе бидат сомнителни при вкрстувањето на податоците од државните институции.

Затоа е крајно лицемерен ставот на СДСМ, кој раководи со МВР и ДИК, двете институции кои располагаат со избирачкиот список и со сите податоци, и кои по закон и Устав се единствените кои ги организираат изборите во државата, да тврди дека не може да се организираат фер и демократски избори.

Додека сите меѓународни институции се подготвени за набљудување на претстојните пармалентарни избори, секој изговор на опозицијата за неподготвеност на нашите институции е неразумен и неприфатлив, а заканувањето со бојкот на изборите, кое поаѓа од тесно партиски и најмногу лични интереси, го сметаме за против државен чин. Особено во улови на големи глобални предизвици поврзани со бегалската криза со кои Република Македонија е најдиректно засегната. Неприфатливо е Македонија со години да се држи во заложништво заради интересите на поединци.

Напоменуваме дека изборите се најважниот дел на секоја демократија на кои граѓаните, како водечки елемент во демократските процеси, ги избираат своите претставници и ниту една партија, организација или институција не може да им го попречи тоа право.

Comments are closed.