Category Archives: Активности

Министерот Цветков на манифестацијата „Свети Трифун“ во Кавадарци

  Најголем проблем за лозарите е исплатата на грозјето кое со закон треба да се плати во рок од шест месеци. Има барање од лозарите рокот да се намали за кој и ние како Министерство мислиме дека е предолг. Ќе гледаме да се најде рок, кој ќе биде задоволувачки и за лозарите и за винарите. Ова го изјави министерот за ... Read More »

Интервју на министерот Михаил Цветков за МИА

Министре, како ја оценувате изминатата 2015 година? – Имајќи ги предвид остварените резултати и покрај лошите временски услови, врнежите и поплавите во почетокот на годината, задоволен сум како ја завршивме 2015-та. Штети од поплавите изминатата пролет беа најмногу предизвикани врз поледелските култури зашто есента 2014-та беше многу сушна и земјоделците не можеа да ги заораат нивите. Поплавите особено го зафатија ... Read More »

Презентација на извештајот за адаптација на овоштарството, лозарството и градинарството кон климатските промени

Лесно апликативни, не многу скапи и економски оправдани, вакви адаптивни мерки треба да се преземат за заштита на земјоделството од климатските промени чии негативни влијанија допрва ќе се почувствуваат. Ова е пораката од денешната презентација на резултатите од Проектот за адаптација кон климатските промени, спроведен од Мрежата за рурален развој на Македонија, со финансиска поддршка на УСАИД. Според експертите, државата ... Read More »

Агро-бизнис форум: Пристапот до капитал основа за инвестиции во земјоделството

Македонскиот агро-бизнис има голем потенцијал. За негово искористување е неопходно постојано вложување во модернизација, иновации и знаење, но потребни се и добри стратегии за настап на странски пазари. Ова е пораката од денешниот Агро-бизнис форум што четврта година по ред го организира ПроКредит банка. Учествуваа преку 200 претприемачи и земјоделци, а присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил ... Read More »

Отворена канцеларија на ЛАГ во Старо Нагоричане и Ранковце

Рурален развој преку поврзување на жителите и зајакнување на нивните вештини за соработка и партнерство, треба да поттикне канцеларијата „АБЕР 2015“ на локалната акциска група (ЛАГ) во општина Старо Нагоричане што беше отворена денеска. Канцеларијата, покрај Старо Нагоричане, ќе ги опслужува и општините Куманово и Липково, а целта е жителите преку неа да ги искажуваат своите идеи и потреби и ... Read More »

Министерот Цветков засади дрвцa во Кратовско

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска, во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата идина“, посади дрвце на локалитетот Манковица, десет километри од Кратово. Цветков ги повика граѓаните на масовност со цел, како што нагласи, да се пошумат планираните 930 хектари со 3,16 милиони садници. Денешното пошумување со разни видови дрвја (црнбор, бел, бор, ... Read More »

ЦЕИ Бизнис форум

Во рамките на Македонското претседавање со Централно – европската иницијатива (ЦЕИ), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за надворешни работи, во соработка со Секретаријатот на ЦЕИ и Стопанската комора за Централна Европа, организираа Бизнис Форум посветен на унапредување на регионалната соработка и конкурентноста во прехранбениот сектор и агробизнисот. Форумот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил ... Read More »

Дискусија на Љупчо Димовски, пратеник и генерален секретар на СПМ 23.06.2015

Дискусија на Љупчо Димовски, пратеник и генерален секретар на СПМ, за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во I читање, на првото продолжение на Седницата бр.54 на Собрание на Р.Македонија, оддржана на 23 Јуни, 2015 година. Read More »

Заменик-министерот за здравство во Прага оствари повеќе билатерални средби

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски на маргините на вториот ден од Самитот на министрите за здравство на 16 земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Кина, оствари повеќе билатерални средби. На средбата со чешкиот министер за здравство Сватоплук Њемечек, Андовски ја поздрави отворената можност за испраќање македонски доктори на едукација во реномирани медицински центри во Чешка, што во континуитет ... Read More »

Соопштение на СПМ

Социјалистичката партија на Македонија внимателно ја следи актуелната состојба и обидот за реализацијата на сценариото за дестабилизација на државата инсценирано од страна на опозицијата. Доколку не постои предмет за кој е потребно да се постигне договор, со оглед на конечниот резултат од разговорите, може да се заклучи дека посакувана политичка криза и нема. Всушност, криза постои во самата опозиција, која ... Read More »