Category Archives: Активности

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

  Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева. Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е ... Read More »

Со законските измени ќе се надминат проблемите во лозарството

  Направени се измени во Законот за вино кои поминаа на Влада и се очекува дека по скратена постапка следната недела ќе поминат во Собрание. Со нив ќе се олесни наплатата на побарувањата кои ги имаат лозарите за предадено грозје и ќе се надминат одредени проблеми што се јавуваа кога грозјето се продаваше на откупувачи кои вршеа откуп во име ... Read More »

Цветков присуствуваше на порибување на Охридското Езеро со пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. – Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка, рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа ... Read More »

Преземени се максимални мерки за непречен откуп на оризот и пченицата

Секој земјоделец што има непродадена оризова арпа и ги предаде количините во откупните центри до 31 јули ќе биде дополнително субвенциониран – со пет денари за килограм ако има до два хектара производство, со четири денари ако има до 10 хектари производство и со три денари ако има над десет хектари, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков. Одговорајќи на пратенички ... Read More »

Цветков: Обвинувањата на СДСМ се неосновани, нема причина да поднесам оставка

  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска пред пратениците рече дека нема да поднесе оставка зашто сите обвинувања од опозицијата против него се неосновани и злонамерни. – Не планирам да поднесам оставка и не гледам причина за тоа, истакна Цветков, одговорајќи му на Панче Орцев од СДСМ, кој на собраниската седница праша кој ќе понесе одговорност за ... Read More »

Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи

  Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, денеска направи увид во изградбата на краварската фарма во близина на Струга. Фармата е на површина од 1.000 метри квадратни, во неа ќе бидат сместени 35 молзни крави, а инвестицијата во вредност од 400 илјади евра е на стружанецот Беким Каба. Министерот Цветков посочи дека проектот се реализира со средства од ... Read More »

Министерот Цветков го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз

  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на пригоден начин на оризовите полиња во кочанско го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз. Со тоа беше означен стартот на проектот „Одржливо производство на ориз во кочанско“, кој е во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, ... Read More »

Органското производство ќе се развива со швајцарска помош

Македонија и Швајцарија ќе ги координираат заедничките активности кои водат кон раст на органскиот земјоделски сектор во Македонија преку воспоставување на врска помеѓу органските производители и потрошувачите, зголемување на свеста за придобивките од органски производи и зајакнување на довербата на потрошувачите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на швајцарската ... Read More »

Поставен камен темелник на нов откупно-дистрибутивен центар во Општина Илинден

  Органски произведени овошје и зеленчук од Македонија ќе извезува на европскиот пазар турската компанија Атајмач која денеска почна да гради откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона во општина Илинден. Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места, истакна инвеститорот Атај Мач при денешното поставување камен темелник во ... Read More »

Цветков: Приоритет искористувањето на средствата од ИПАРД

  Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата е највисок приоритет на Владата и веќе се преземени соодветни мерки за нивна зголемена апсорпција: отворање Гарантен фонд, субвенционирање банкарска камата, изготвување типски проекти, намалување на критериуми и отворање канцеларии за подготвување апликации, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков пред промоцијата на твининг-проектот за јакнење на капацитетите на Платежната агенција, ... Read More »