Category Archives: Соопштенија

Соопштение на СПМ во врска со написот во „Слободен печат“

Социјалистичка партија на Македонија во денешното издание на дневниот весник „Слободен печат“ имаше прилика со слика на насловната страна и збор да види и да го прочита уводникот на уредникот Бранко Геровски и неговите гледања за драматичната состојба во Република Македонија. Немајќи аргументи за одбрана на платформата на партиите на Албанците во Македонија и последиците од неа, авторот со политички ... Read More »

ИНИЦИЈАТИВА на Социјалистичката партија на Македонија за изработка на сеопфатна македонска Платформа за одбраната на виталните национални и државни интереси

Република Македонија повеќе години наназад се соочува со загрижувачка политичка криза креирана од надворешни центри на моќ. Социјалистичката партија на Македонија подолго време и повеќе пати укажуваше на овие состојби и опасноста од разградување на нашата држава, според сценарио веќе видено не само во Македонија, туку и пошироко во Европа. Поаѓајќи од овие состојби, Социјалистичка партија на Македонија, чувствувајќи историска ... Read More »

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика нагласува дека на 11-ти декември 2016 година во Република Македонија се спроведоа фер, демократски и кредибилни вонредни парламентарни избори, потврдени и од страна на маѓународната заедница и сите фактори вклучени во процесот, со што уште еднаш се потврди легитимитетот на Коалицијата „За подобра Македонија“ која е изборен победник, со што се сполнети ... Read More »

75 години од почетокот на антифашистичкото востание во Македонија

Република Македонија одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание, социјалистичката револуција и народно ослободителната борба. Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ започна организираното востание на македонскиот народ против германскиот, бугарскиот и италијанскиот фашистички окупатор за ослободувањето на земјата со длабоки историски корени. Народот на Македонија ја донесе одлуката да пристапи кон страната на прогресивното ... Read More »

Соопштение 21 Април 2016

Социјалистичката партија на Македонија е згрозена од вандалското однесување на опозицијата и нејзиното бездушно сквернавење на историските паметници кои го овековечуваат минатото на македонскиот народ. Симболот на антифашистичката борба на македонскиот народ, споменикот на АСНОМ, недостоинствено е осрамотен во налетот на опозициските јуришници. Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека Народно ослободителната борба на македонскиот народ претставува најсветлата страница од неговото ... Read More »

Соопштение 15.04.2016

Социјалистичката партија на Македонија жестоко се спротивставува на начинот на кој група граѓани, организирана од страна на опозицијата и таканаречени невладини организации, протестира пред државните институции. Хулиганството, бесот и омразата кои се исполуваат се непримерни за демократско општество и тие не се одлика на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Особено сме згрозени од злоупотребата на младите луѓе од ... Read More »

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија со изненадување го проследи одлагањето на собраниската Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците заради неприсуството на Специјалниот јавен обвинител, г-ѓа Катица Јанева, да го образложи Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за период од шест месеци, како негов подносител. Денешната постапка на Специјалниот јавен обвинител претставува непримерено непочитување на Собранието на Република Македонија ... Read More »

Соопштение

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од развојот на настаните поврзани со таканаречените преговори во делот на пакетот кој се однесува на работата на медиумите. Социјалистичката партија на Македонија најостро се спротивставува на предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на опозицискиот СДСМ, и најостро го осудува овој диктаторски ... Read More »

СООПШТЕНИЕ

Поврзано со предложениот Закон за амнестија кој се разгледуваше на шестото проддолжение на 71-та Седница на Собранието на Република Македонија, оддржана на 12 ноември, Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавата на пратеникот Влатко Ѓорчев во која наведува дека само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласале за одбивање на предложениот закон. Напоменуваме дека пратениците од редовите на Социјалистичката партија на Македонија во ... Read More »

СООПШТЕНИЕ

Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика го изразува своето незадоволство од текот и начинот на водење на таканаречените преговори за разрешување на наводната политичка состојба во Република Македонија. Македонија не смееше да си дозволи, при изграден демократски систем и со развиени институции, со учество на надворешни фактори да се впушти во партиски преговори и пазарања за прашања кои ... Read More »