Category Archives: Прес конференции

Реакција на СПМ за вчерашната прес конференција на СДСМ

Господата од СДСМ вчера одржаа прес конференција на тема тутун и тутунопроизводители. Секогаш кога СДСМ нема за што друго да зборува веднаш се сеќава дека Макеоднија е земјоделска држава и дека во неа живеат земјоделци, па ајде да одржиме една пресконференција на таа тема. За потсетување на јавноста, СДСМ како дежурна тема го имаше земјоделието за ситни политички препукувања и ... Read More »

Реакција на СПМ за посетата на Венизелос во Македонија

По повод посетата на Евангелос Венизелос на нашата држава и резултатите од неа Социјалистичката партија на Македонија ги изразува своите ставови и гледишта. Венизелос дојде и си замина како претседавач на министерскиот совет на Европската Унија и министер за надворешни работи на Република Грција. Македонија и македонскиот народ го пречекаа и испратија достоинствено, онака како што и доликува на европски ... Read More »

Ставот на СПМ во врска со најновиот предлог за нашето име од страна на Василакис

Социјалистичката партија на Македонија анализирајќи ја најновата рунда од преговорите околу проблемот што Република Грција го наметна во врска со нашето уставно име оцени дека предлогот што Република Грција го даде за името на нашата држава е дрзок и безобразен, а ги девалвира сите досегашни напори за изнаоѓање на заемно прифатливо решение. Апсурдноста на предлогот упатува и на сомневање на ... Read More »

Произнесување на СПМ во врска со Извештајот од страна на Европската комисија

Социјалистичката партија на Македонија со големо внимание ги следи информациите што доаѓаат од Брисел во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија. Во целина земено Социјалистичката партија на Македонија со задоволство го прифаќа Извештајот особено констатацијата дека Република Македонија условите за влез во Европската унија ги исполнила ... Read More »

Реакција на СПМ за прес конференцијата на СДСМ

Чекајќи ја долгоочекуваната Влада во сенка на СДСМ вчера бевме сведоци на уште една пресконференција поврзана со аграрната политика на Владата на Република Македонија. Во неа СДСМ најпрвин призна дека Владата на Република Македонија поделила над 500 милиони евра субвенции во период од 2006 до 2012. За потсетување на јавноста СДСМ ова го негираше и го оспоруваше за што покренаа ... Read More »

СПМ против национализмот

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува манифестирањето на национализам без оглед од која страна доаѓа. Национализмот секогаш отвара огромни рани, остава крупни последици и носи само трагедии. Потпалувањето на меѓуетничките односи е неприфатливо за денешната македонска држава и е спротивно на заедничките заложби за градење на мултиетничко општество, на разбирање и толеранција. Ги повикуваме надлежните институции на државата да ... Read More »

Невистините на СДСМ за субвенциите

Врвот на лицемерието и дволичноста на СДСМ и неговата измислена грижа за земјоделците го достигна на вчерашната собраниска седница со воздржаноста од давање поддршка на измените во Законот за земјоделство и рурален развој, предложени од Владата, а на барање на земјоделците и во интерес на земјоделците. Гневната пратеничка група на СДСМ, полна со злоба и дволичност, уште при првата Надзорна ... Read More »