ПРЕС НА СПМ ЗА ОДЛУКАТА ВО ХАГ
Со пресудата на меѓународниот суд за правда во Хаг со која се потврди дека Република Грција ја прекршила времената спогодба донесена под покровителство на Обединетите нации за нормализирање на односите меѓу Република Македонија и Република Грција извојувавме историска битка.
Со оваа одлука се потврдува исправноста на потегот што го повлече оваа Влада и дека вреди не само во овој случај, туку и пошироко да се води битка за владеењето на меѓународното право.
СПМ СО РЕАКЦИЈА ЗА СКАНДАЛОТ СО НОВИНАРИТЕ НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА ВО БРИСЕЛ
Почитувани граѓани на Македонија, Социјалистичката партија на Македонија повеќе пати досега и денес смета дека има потреба да го соопшти својот став и мислење за однесувањето на една група новинари и пошироко од тоа на таканаречени јавни работници, борци за човекови права кои систематски повеќе години наназад работат против интересите на Република Македонија.
Обраќање на СПМ по повод завршување на предвремените парламентарни избори
Граѓани на Република Македонија,
Социјалистичката партија на Македонија изразува задоволство од организацијата и начинот на кој се спроведоа предвремените парламентарни избори.
Република Македонија и во овој случај на најдобар начин покажа дека правото на слободно изразување на волјата на секој граѓанин е основата на која почива македонската демократија.
Обраќање на генералниот секретар на СПМ Љупчо Димовски до граѓаните на РМ по повод престојните Парламентарни избори
Почитувани граѓани на Република Македонија,
За мошне краток временски период повторно се одржуваат вонредни парламентарни Избори, не по барање на актуелната власт, туку по желба на блокот опозициски партии.
Со ова, по втор пат во рок од две години, се изразува сомневање во изразената волја на македонските граѓание и нивната одлука довербата да ја дадат на најголемото здружување на политички партии во Коалицијата „За подобра Македонија“.
СПМ со реакција во однос на концептот на СДСМ за решавање на прашањето околу откупот на тутунот
Државен протекционизам во земјоделството, практична кохабитација на политиканство и политичка економија карактеристична за шеесеттите години од минатиот век, ветува СДСМ мешетарејќи по македонските села и ветувајќи им и на тутунарите брда и долини. За да се седне во фотелја и да се ќари функција не се бираат средства.
Тутунот е единствена култура чие производство е регулирано со квалитетен закон на кој може да ни завидуваат и поголемите држави производители на тутун. Оттаму не случајно и првите странски инвестиции во државава дојдоа во тутунската индустрија.
Реакција на СПМ во однос на концептот на СДСМ за решавање на прашањето околу откупот на винското грозје
Заради незнаењето и неупатеноста на Ленче и СДСМ настојуваат да ја стават државава на колена, да го закопаат членството на Република Македонија во ЦЕФТА и Светската трговска организација кои налагаат отворање, а не ограничување на пазарот?
Дали планираат, наместо во ЕУ, да не однесат во економски колабираните африкански држави?
РЕАКЦИЈА НА СПМ ЗА ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА ВО ДЕЛОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО НА СДСМ
Безидејниот и на овие вoнредни Парламентарни избори повторно без програма сиромашен СДСМ, за само за нив познати причини, безрезервно се стави во функција на промотор на земјоделскиот концепт на Велија Рамковски.
Вистинските симпатизери на СДСМ се збунети и загрижени за иднината на оваа партија, не сакајќи да прифатат еден потпросечен новинар да ја претставува партијата, особено во како што велат во оваа кампања за нив исклучително стратегиски и чувствителен сектор за Македонија.
РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ
Карванот на СДСМ се повеќе поприма карактеристики на патувачки политички циркуз.
Нема митинг на кој нивните митингаши да не истресат по некоја зелена, истурат куп измислени обвинувања кон Коалицијата „За подобра Македонија“ и закани и понижувања кон македонските граѓани, особено жените.
Листата е неверојатна и на неа високо котира и арогантниот Стевче Јакимовски со закани за полнење на затвори.
На цинизмот, примитивизмот и малограѓанството на врхушката на СДСМ им нема крај.
СПМ СО РЕАКЦИЈА НА ПРОГРАМАТА НА СДСМ ВО ДЕЛОТ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО
И за овие предвремени парламентарни избори Социјалистичката партија на Македонија, како впрочем и целата македонска јавност, констатира дека СДСМ повторно се појавува без изборна програма и со голи усни ветувања во сите области, особено таканаречените декларативни програмски определби во делот на земјоделството.
Иако е објавена на нивната веб страна, штета е што оваа програма не е отпечатена за да може пошироката јавност да се увери во празните фрази и излитени и неуки ветувања кои се нејзин составен дел.
РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ
Карванот на СДСМ се повеќе поприма карактеристики на патувачки политички циркуз.
Нема митинг на кој нивните митингаши да не истресат по некоја зелена, истурат куп измислени обвинувања кон Коалицијата „За подобра Македонија“ и закани и понижувања кон македонските граѓани, особено жените.
Листата е неверојатна и на неа високо котира и арогантниот Стевче Јакимовски со закани за полнење на затвори.
На цинизмот, примитивизмот и малограѓанството на врхушката на СДСМ им нема крај.